Мозаик 05.10.2018 18:54

Земјите во кои туристите трошат најмногу пари

Земјите во кои туристите трошат најмногу пари

Светската туристичка организација (СТО) трошењето во туризмот го дефинира како  каква било сума потрошена од меѓународен патник во земјата во која патува, вклучувајќи ги и превозот, производите и услугите.

Веб-страницата Howmuch.net  со помош на податоци од СТО создаде визуелен преглед на потрошувачката на странски туристи во земјите во светот во 2017 година. Важно е да се напомене дека овие податоци не ја вклучуваат потрошувачката на домашните туристи, туку даваат само приказ за тоа која земја колку зависи од меѓународниот туристички пазар. Според таа листа на топ-10 земји според потрошувачката на туристите се:

1. САД (221 милијарди долари)

2. Шпанија (68 милијарди долари)

3. Франција (61 милијарда долари)

4. Тајланд (57 милијарди долари)

5. Велика Британија (51 милијарда долари)

6. Италија (44 милијарди долари)

7. Австралија (42 милијарди долари)

8. Германија (40 милијарди долари)

9. Макао (Кина) (36 милијарди долари)

10. Јапонија (34 милијарди долари)

Според овие податоци, во Србија и Црна Гора туристите потрошиле милијарда долари, во Албанија две, додека Словенија заработила 3 ​​милијарди долари од странски туристи. Шест милијарди долари се потрошени во Унгарија, додека странските туристи трошат 11 милијарди долари во 2017 година во Хрватска.