Актуелно 30.03.2021 23:42

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија

Земјотрес од 3 степени по Рихтеровата скала вечерва го стресе Мавровскиот регион.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот се случил на 15 километри јужно од Гостивар.

Во изминатиот период, во овој регион беа забележани повеќе земјотреси од кои најсилниот од 4.7 степени по Рихтер.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претходно соопшти дека земјотрес во истиот регион бил регистриран и утрово на 30 март околу 6 часот со јачина од 2.9 според Рихтеровата скала.

„Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираа од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.