Шведската модна компанија H&M објави дека вредноста на нејзиниот глобален непродаден инвентар во последното тримесечје се зголемил на 4 милијарди долари, што претставува зголемување од 13% во однос на претходната година пишува CNN. Овој раст е резултат на слабата продажба во последниов период што, пак, резултираше и со намалување на профитите на компанијата за 28% во првата половина од 2018 година. За таа цел од компанијата се спремни да применат различни стратегии, вклучувајќи попусти, но и продажба на акции во земји каде компанијата нема присуство, се со цел постепено намалување на залихите. Интересно е тоа што и покрај алармот во H&M, кој е вклучен од почетокот на годината со 18% намалување на акциите на компанијата, сепак Швеѓаните ќе одат со избалансиран пристап. Тоа значи дека облеката ако треба ќе биде и донирана или рециклирана доколу не може да се продаде, бидејќи енормното намалување на цените би ја донело и репутацијата на брендот под знак прашалник.
Инаку последните информации од текстилната индустрија покажуваат дека трговците низ целиот свет се под притисок да ги менуваат навиките на потрошувачите, пред се поради онлајн конкурентите како Амазон. Стандардите на малопродажниот сектор достигнале рекордно високо ниво во текот на првите три месеци од 2018 година, бидејќи зголемувањето на е-трговијата и падот на трговските центри директно се одразуваат на профитот на компаниите. Како за илустрација Claire’s веќе банкротираше, а Sears сè уште жестоко се бори да не го снајде истото. Marks & Spencer, пак, објавија дека до 2022 година ќе затворат 100 продавници.