Актуелно 07.12.2018 11:58

Зголемување на бројот на заболени од грип, децата најпогодени

Зголемување на бројот на заболени од грип, децата најпогодени

Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.

Во 15 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а само во една (ПЕ Македонски Брод) се регистрира сезонска активност.

Споредено со истиот период од минатата сезона (646), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 32,8 отсто, а во однос на моделот за последните осум сезони се регистрира намалување од 32,7 отсто.

Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

МИА