Меѓународен тим на научници од Велс, Франција и Кина откри нови докази дека релативно сложените форми на живот можеби потекнуваат на Земјата пред 1,5 милијарди години, речиси четири пати порано отколку што моментално верува научната заедница.
Тимот кој работи во Габон наведува дека длабоко во карпите откриле докази дека условите з постоење на животински свет постоеле пред 2,1 милијарди години, за време на палеопротерозојскиот период.
Тие веруваат дека имало плитко подземно море густо населено со живи суштества, слично на едноклеточна мувла која се размножува со спори. Kолку што можат да кажат фосилите, чудните организми никогаш не се прошириле подалеку од подземниот резервоар – и на крајот умреле таму.
Овие претпоставки се сосема различни од конвенционалното размислување и не сите научници се согласуваат со оваа нова теорија. Повеќето експерти веруваат дека животот на Земјаа настанал пред околу 635 милиони години. Истражувањето додава на тековната дебата за тоа дали формациите пронајдени во Габон се всушност фосили.
Научниците ги анализираа карпите околу формациите за да видат дали има докази дека тие содржат елементи како кислород и сулфур што би овозможиле постоење на живот.
Професорот Ернест Чи Фру, од Универзитетот во Кардиф, работеше со меѓународен тим на научници. Тој за Би-Би-Си изјави дека ако неговата теорија е точна, овие форми на живот би можеле да бидат слични на мувлата од лигите – едноклеточни организми без нервен систем кои се репродуцираат со спори.
Професорот Греам Шилдс од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој не бил вклучен во истражувањето, има некои сомнежи. „Јас не се противам на идејата дека пред 2,1 милијарди години имало повеќе хранливи материи, но не сум сигурен дека тоа би можело да доведе до сложен живот“, вели тој, сугерирајќи дека се потребни повеќе докази.
Сепак, професорот Чи Фру е убеден дека истражувањето на неговиот тим помогнало да се докаже алтернативна теорија за почетокот на еволуцијата и потеклото на првиот живот на Земјата. „Веиме – погледнете, тоа се фосили, има кислород, тоа го поттикна појавувањето на првите сложени живи организми. „Ги гледаме истите процеси како во камбрискиот период пред 635 милиони години. Тоа ни помага конечно да разбереме од каде дојдовме сите“, вели тој.
Првото навестување дека сложениот живот настанал порано отколку што се мислело се појавил пред десет години кога биле откриени таканаречените Франсвилски формации.
Овие откритија не беа прифатени од сите научници. За да најдат повеќе докази за оваа теорија, Чи Фру и неговиот тим сега ги анализираа карпестите ј од Габон. Составот на карпите покажа дека „лабораторија“ во која може да постои живот е создадена непосредно пред да се појават формациите.
Тие веруваат дека високите нивоа на кислород и сулфур настанале по судирот на две подводни континентални плочи, што предизвикало вулканска активност. Судирот на плочите одвои дел од морето од океанот, создавајќи „плитко море опкружено со земја богата со хранливи материи“.
Чи Фру вели дека овде постоеле услови за фотосинтеза, што овозможило да постои значително количество кислород во водата. Ова би обезбедило оо енергија за да го поттикне растот и покомплексното однесување меѓу примитивните, едноставни форми на животински живот, како што се оние пронајдени во фосилите од овој период“, рече тој.
Тој додаде дека изолираната средина доведе до исчезнување на овие форми на живот бидејќи нема доволно нови хранливи материи неопходни за синџирот на исхрана. Истражувањето е објавено во научното списание Precambrian Research.