Жителите на скопските населби Автокоманда и Железара веќе неколку денови по ред немаат топло парно иако сметките навреме преку целата година ги плаќаат.
Како што велат тие парно немаат оние кои се снабдуваат на таканареченото „Железарско“ парно.
Револтираните граѓани преку социјалните мрежи спасот го бараат во надлежните институции, но и преку нашата редакција.