Економија 18.06.2018 12:13

Жителите од коja европска земја ќе потрошат најмногу за летен одмор?

Жителите од коja европска земја ќе потрошат најмногу за летен одмор?

Данците се најактивни во Европа кога станува збор за планирањето на летен одмор, покажува истражувањето на институтот „Yougov“ меѓу 9.000 Европејци, цитирано од францускиот весник „Les Echos“.

65% од жителите на скандинавските земји планираат да заминат на одмор ова лето, а по нив следуваат Италијанците и Шпанците (64%), Португалците (59%) и Британците (58%). Само 51 отсто од Французите планираат да одат на одмор во текот на летото, надминувајќи ги само Германците, од кои само половина од нив планираат летен одмор.

Британците имаат одвоено најголем буџет за летниот одмор – од 2.272 евра, следени од Италијанците со 2.110 евра и Германците со 2,099 евра. Потоа следа Шпанците со 1.940 евра, Французите со 1.787 евра, Португалците со 1.431 евра и Данците со 1.385 евра.

Разликите во буџетот не се поврзани со различните животни стандарди во европските земји. Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во Франција, на пример, е повисок од оној во Шпанија и Италија, но жителите на овие две држави планираат да издвојат поголем буџет за летниот одмор.

За сметка на тоа Данците планираат да потрошат само 1.385 евра ова лето, иако БДП-то по глава на жител е значително повисок, отколку во другите европски земји, стои во истражувањето на „Yougov“.

Разликите во буџетот се објаснуваат со „културните разлики“, особено во однос на односот кон парите и потрошувачката. 58% од Британците сметаат дека парите се да се трошат и се доживувани како средство за уживање додека само 44% од штедливите Данци го имаат истото мислење.

Полот и социјалниот статус, исто така, влијаат на намерите за одмор и планираниот буџет. Мажите и луѓето со високи примања се очекува да потрошат повеќе пари за време на летниот одмор од другите, покажува истражувањето.