Никој од нас нема да излезе од тука жив, па ве молам да запрете да се однесувате кон самите себеси онака како што другите ви наметнуваат.
Јадете ја таа вкусна храна, одете на прошетка на убав сончев ден, скокнете во океанот, порачува славниот актер.
На една од фан страниците, осамна животната поука на Ричард Гир која секој би требало да ја прочита и која можеби ќе ве замисли.
“Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Таа никогаш не консумираше алкохол, ниту било каква “лоша” храна, вежбаше секој ден, беше многу флексибилна, многу активна, ги земаше сите додатоци кои нејзиниот лекар ѝ ги препорачуваше, никогаш не излегуваше на Сонце без заштита, а и кога излегуваше, тоа беше за најкратко можно време – практично го заштитуваше своето здравје во најголема можна мера колку што таа можеше. Денес таа има 76 години и има рак на кожата, рак на коскената срцевина и екстремна остеопороза.
Таткото на мојот пријател јадеше сланина на сланина, путер преку путер, маст со масло, никогаш и не вежбаше, беше на Сонце сѐ додека не изгори секој пат, речиси неговиот пристап кон животот беше таков да го живее до максимум, а не како другите му предлагаат. Тој сега има 81 година, а лекарите велат дека има здравје на млада личност.
Луѓе, не можете да се сокриете од вашиот отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде, а според зборовите на мајката на пријателот, која сѐ уште е жива: “Ако знаев дека мојот живот ќе заврши на овој начин, јас би го живеела до максимум, уживајќи во сето она за што ми беше кажано дека не треба! ”
Никој од нас нема да излезе од тука жив, затоа ве молам престанете кон себеси да се однесувате како другите сакаат. Јадете вкусна храна, одете на прошетка на сонце, фрлете се во океанот. Кажете ја вистината која ја носите во срцето како скриено богатство.
Бидете откачени, смешни. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго”, раскажа познатиот актер.
Без оглед на тоа дали тоа е приказна која навистина доаѓа од славниот актер или не, лекцијата е јасна: “Немојте да бидете опседнати со нешто само затоа што станува збор за моментален тренд или нечија препорака.
Умереноста е мајка и живејте го животот во потполност”.