Цената на златото вчера во однос на еден ден претходно скокна за 10%.
Експерите сметаат дека 90 дена се создавал вештачки пад, а дури сега ќе има скок на цената на златото.
Но, многу фактори влијаат на златото, а тука прв е доларот.
Ако тргне во погрешен правец да расте доларот, цената на златото паѓа.
Друг важен фактор е инфлацијата. Прифталива инфлација на светско ниво е 2%.
Секој раст на цената на златото над ова ниво значи заработка за инвеститорите.
Но, не треба да се заборават и референтните каматни стапки кои влијаат на цената на златото.