Актуелно 24.10.2024 10:11

Златото продолжува да расте, биткоинот го следи во чекор

Златото продолжува да расте, биткоинот го следи во чекор

Цените на златото продолжуваат да растат. Аналитичарите на UBS предвидуваат дека во следните 12 месеци цената на златото ќе достигне 2.900 долари во случај на дополнително намалување на каматните стапки од страна на ФЕД (следното намалување може да се очекува на седницата на 6 и 7 ноември).

Ова не е ниту смело предвидувањ, јќи веќе е речиси 2.750 долари.

Менаџерот на хеџ фондот и милијардер Пол Тудор Џонс откри во интервју за CNBC дека инвестира многу во злато и биткоин, бидејќи очекува инфлаторните притисоци да продолжат без оглед на исходот од изборите во САД. Неговото портфолио е фокусирано на заштита од инфлација. Тој има долги позиции во злато и биткоин, како и во стоки.

Цената на златото годинава е зголемена за дури 33 отсто, а на биткоинот за речиси 60 отсто.

Извор: denar.mk