Економија 28.05.2018 11:05

Значително поефтинување на Тесла автомобилите за кинескиот пазар

Значително поефтинување на Тесла автомобилите за кинескиот пазар

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла најави дека ќе ја намали цената за својот Модел Х во Кина за дури 14.000 долари, откако
кинеските власти најавија драстично кратење на царините за увозни автомобили од 25 на 15 проценти.
Одлуката доаѓа како дел од трговските преговори меѓу САД и Кина, во кои Вашингтон побара од Пекинг да го отвори својот пазар за американски производи, доколку сака да продолжи досегашното ниво на трговска размена