Кога бебето има некоја незадоволена потреба, тоа се чувствува непријатно и плаче.
Плачењето е сигнал дека ги вика родителите да ја задоволат неговата потреба.
Затоа сите мали деца ги доживуваат родителите, пред се мајките, како лица кои кога нив им е непријатно тие да направат нешто да им биде пријатно, објавува порталот detinarije.com
Јас сум моите желби
Меѓутоа, во втората година од животот, детето покрај потребите има и желби. Разликата меѓу потребите и желбите е огромна: ако потребата не е задоволена долго време, загрозено е преживувањето, а ако не е задоволена желбата, само е непријатно. Меѓутота, детето не знае за оваа разлика, објаснува психотерапевтот др. Зоран Миливојевиќ.
Дополнителен проблем е што детето не се разликува себеси од своите желби. Кога родителите одбиваат да му исполнат некоја желба, детето тоа го разбира како родителот да го отфрлува. А кога имате две или три години, најважна работа на светот е мама да ве сака. Затоа сите деца, кога ќе им се постави граница, кога родителите одбиваат да му исполнат некоја желба, реагираат како да настапила катастрофа. Затоа родителот, покрај тоа што му ги одбива желбите, мора јасно да покаже љубов, така детето да има чувство дека е прифатено и сакано.
Судир на биолошкото и општественото
Задача на родителите е да го подготват детето за самостоен живот во човековото општество. За да ја постигне таа цел, родителот мора на детето да му постави граници. Тоа значи дека одбива да ги исполни желбите на детето и не му дозволува некои однесувања. Родителот тоа мора да го прави за да го социјализира детето, да го подготви за живот во општеството. А тоа подразбира конфликт: судир на желбите на детето и волјата на родителите. Во основа, тоа е судир на биолошкото и општественото. Во овој судир родителот мора да покаже дека е посилен, така детето мора да се подреди и да прифати дека возрасниот е тој кој поставува правила и кој веќе знае за опасностите на овој свет.
Во прво време детето ќе се чувствува отфрлено, бидејќи ќе верува дека неисполнувањето на неговите желби е негација на љубовта, а подоцна ќе сфати дека родителот не му ги исполнува желбите бидејќи го сака. Поради многу позитивни последици, многу значаен момент во развојот на детето е кога тоа ќе сфати дека конфликтот и љубовта одат заедно. А до тоа најлесно ќе дојде ако родителот јасно му покажува љубов од една страна, а од друга страна го дисциплинира и му поставува јасни граници.
Први маневри
Додека не се случи тоа, детето кое се чувствува отфрлено ќе се бори против родителската волја. Инаетот се појавува веќе во неговата втора година, а ако не успее и тоа, главно оружје на детето во конфликтите со родителите е емоционално изнудување. Манипулацијата е свесен маневар, кога некој има скриена цел, а емоционалното изнудување е обид за предизвикување на одредени емоции кај друго лице за дополнително да го мотивираме да направи нешто што не сака да направи. Типични чувства кои дополнително ја мотивираат жртвата на емоционално изнудување се вина, должност, страв, сожалување и слично. А веќе мало дете од две години може да сфати кои чувства му се исплатуваат во семејството, бидејќи придонесуваат за тоа родителот да му попушти и на крај желбите на детето да бидат остварени.
Види колку сум тажен
На пример, ако детето покажува дека е многу тажно и силно плаче, тоа на родителите им покажува дека е несреќно кога родителите не му ја исполнуваат желбата. Пораката е: – Види колку сум тажен, како можеш да ме гледаш вака несреќен ако ме сакаш? На тој начин кај родителите се обидува да произведе чувство на сожалување и вина. Ако родителот навистина ги почувствува тие чувства и му попушти на детето, тоа ќе научи дека секој следен пат мора да постапи така за на крај да го добие тоа што го сака. Вака може да настане шема која детето и родителите ќе ја повторуваат во текот на детството, но која ќе остане на репертоарот на детето и кога ќе порасне. На ист начин може да се обиде да изнуди исполнување на важни желби од својот емотивен партнер или од своето дете.
Исто така, дете во конфликт може емоционално да изнудува така што ќе ги отфрли родителите. Неговата порака е: Ако ти не ме сакаш мене, не те сакам и јас тебе.
Бидејќи многу современи родители се плашат дека детето ќе престане да ги сака, кога ќе го видат тоа тие попуштаат и му ги остваруваат желбите на детето.
Ако не може со добро…
Ако емоционалното изнудување не дава резултати, детето може да стане физички насилно. Малите деца можат тоа да го покажат така што ќе ја шутнат, изгризаат или изгребаат мајката која одбива да му ја исполни желбата.
Затоа е најдобро на децата да се постават граници на време, а вистинско време е веќе во средината на втората година. Ако тоа родителот го пропушти, обично ќе попушта се до адолесценција кога проблемот ќе биде поголем. Современите модели на воспитување кај родителите не дозволуваат строгост и казнувања, придонесуваат за тоа да бидат немоќни се поголем број на родители, а дека синдромот на разгалено дете е се поприсутен и се поголем проблем.
Засилете ги слабите точки
Разгалените тинејџери целата своја интелигенција и своите заклучоците на долгогодишното психолошко проучување на сопствените родители ќе го примени кога ќе сака да оствари некоја важна желба. Постојат неколку типични екстремни закани кои ги упатува на родителите, што ќе се случи ако не му ја исполнат желбата: дека ќе се убие, дека ќе избега од дома, дека ќе почне да продава дрога, да се проституира, дека ќе оди да живее кај другиот родител, ако се разведени.
Во сите овие состојби, родителот е во внатрешене конфликт меѓу краткорочните и долгорочните последици. Ако попушти на детето, тој краткорочно ја решил ситуацијата, но долгорочно поставува модел на однесување според кој детето во секоја идна состојба ќе го примени истиот маневар. И затоа на родителите им предлагаме, при првиот обид на манипулација, т.е. емоционално изнудување, тоа да го конфронтираат и јасно да кажат што ќе направат во тој случај.
Ако детето веќе е разгалено, а родителот попустлив, тогаш родителот мора прво да ја промени својата внатрешна логика која е негова слаба точка, поради која попушта на детето. Ако тоа не го направи, не помагаат совети, бидејќи нема да ги применува доследно. Затоа во случај на разгалени тинејџери, кои прават проблеми најдобро родителот да поразговара со некој експерт за воспитување на деца. Одлична литература е и книгата на новозеландскиот експерт Најџерл Лате – Тинејџери, како да им се постават граници и да се зачуваат нервите.
Психотерапевтот др. Зоран Миливојевиќ е еден од авторите на прирачникот за воспитување на деца, Мала книга за големи родители, автор на книгите Емоции, Формула на љубовта, Да се улови љубов и Игри кои ги играат наркоманите.