Легендата добила уште една потврда за неспособноста на мажите да ги разберат жените.
Шеги на тема машко-женски односи кружат, а поголемиот дел од најдобрите се базира на легендата за мажите кои едноставно не ги разбираат жените, како и бројот на снимените филмови и напишаните романи за тоа.
Истражувачите од Бохум се обиделе да дознаат дали се работи само за урбан мит или е тоа навистина така, па го направиле истражувањето на волонтерите на возраст од 21-52 години, кое ги потврди фактите – мажите не ги разбираат жените.
Студијата беше спроведена едноставно, со погледот во очите на соговорникот, со скенирање на мозокот и следење на реакциите, при што многу брзо заклучиле дека митот е всушност вистинит, бидејќи мажите подобро го погодувале расположението на другите мажи отколку на жените.
Поточно, дел од мозокот одговорен за емоции беше значително поактивен кога тие гледале во очите на другите мажи, додека погледот во очите на жените предизвика минимална активност, покажувајќи на тој начин дека мажите едноставно погрешно го интерпретираат однесувањето на жените.