Една состојка на пастата за заби е виновна за тоа што по миењето, храната веќе не ни е доволно слатка.
Тоа е натриум лаурет сулфат.
Ова соединение што се додава во пастата за заби за да се создаде убава пена и така пастата полесно да се рашири во усната шуплина. Но, натриум лаурет сулфат предизвикува и промени на клетките на јазикот, кои го откриваат вкусот.
Натриумот лаурет сулфат ги разложува молекулите на мастите на јазикот, кои ја ограничуваат работата на оние клетки што ги откриваат горчливите вкусови. Кога овие масти ќе ги снема од јазикот, клетките работат под полна пареа и ние посилно ја чувствуваме секоја горчлива состојка во храната што ја јадеме, па така, и вкусот целосно се менува.