Актуелно 27.02.2019 11:45

Зошто сум против бојкотот на Претседателските избори!

Зошто сум против бојкотот на Претседателските избори!

Од самото осамостојување на Македонија,  борбата за Република Македонија трае и ќе трае.  Секои наредни избори се различни по нивната тежина, но овие Претседателски избори можеби и се најодлучувачките избори за Република Македонија од нејзинито осамостојување. Зошто?

Имам неколку тези кои и тоа како треба да бидат разгледани.

Прво, цензусот од 720.000 гласачи е лесно достиглив кога знаеме дека на референдум имаше 666.000 гласачи. Сте се запрашале ли дали оваа машинерија на чело со СДС колку е спремна  да го достигне цензусот и покрај бојкотот?! Разликата е 60.000 гласови. Ако полнеле кутии за референдумот од  17 часот попладне, сега ќе полнат од 14 часот. Ако уценувале, сега ќе уценуваат двапати повеќе и по агресивно.

Второ, сте се запрашале ли што ако СДС го достигне цензусот?! Ние бојкотираме, СДС вади цензус Претседателот легален! Нови 5 години во кој СДС со Претседател ќе ништи се пред себе и никој ќе нема право да им се спротистави, бидејќи ние сме бојкотирале, СДС легално си имаат над 720.000 гласачи излезеност или на 40%, онолку колку што е потребно за избор на Претседател.

Трето,  В.Д Претседател, Талат Џафери. Доколку има бојкот, по автоматизам следува В.Д Претседател до избор на нов претседател т.е до нови избори, кои нема точен датум во рок од колку време би требало да се распишаат. После седнувањето на Талат за Претседател (недај боже) голема е веројатноста дека ќе има помилувања за Дива Населба, Смилковско,…

Четврто, со бојкот и В.Д Претседател, СДС може лесно да си изгласа Претседател во Собрание на Република Македонија, бидејќи веќе има 2/3 мнозинство. Ќе се запрашате зошто сега не изгласаат кога веќе имаат 2/3 мнозинство. Многу е едноставно, немаат причина за тоа.  Мандатот на Иванов завршува во Мај, СДС нема да се дрзнат да го направат тоа додека не имаат изговор за да изгласаат Претседател во Собрание на Република Македонија, а тоа дека нема цензус и мора да се избере Претседател во собрание.

Петто, бојкотот на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги легализира процесите и актите кои призлегуваат од нелегитимната власт од СДС-ДУИ, пред се Преспнскиот договор и Законот за јазици и ќе ја отвори можноста, како што напоменав Талат Џафери да биде избран за Претседател на државата во парламентот, а потоа да дојде и до нова промена на Уставос со нови етнички барања.

Со учество на овие избори само започнува борбата за спречување на геноцидот врз Македонците. Евентуалниот неуспех само ќе сигнализира дека мора да се премине на порадикални методи и чекори, кои потоа би се дефинирале.

„Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, (а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ  објави  јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија за претседателските избор 2019 година.

Универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова е кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните избори, кои се закажани за 21 април. Силјановска  беше избрана на партиската конвенција со 408 гласа „за“ од вкупно 519 делегати, освојувајќи ја номинацијата уште во првиот круг на конвенцијата на опозициската партија во Струга

Гордана Силјановска-Давкова беше против  територијална поделба во 2004 година која произлегува од  фамозниот Рамковен договор од 2001 година со кој заврши фабрикуваниот конфликт кој имаше јасна цел: отцепување делови од Република Македонија по вооружен пат. Исто така е протов Преспанскиот договор со кој се  прекршија  Уставот, законите, па и Деловникот на Собранието, низ текот на целата постапка. Нејзиниот став против промена на Уставното име е јасен и безусловен. Најави  формирање на  експертски тим на правници и низ призма на меѓународното право повторно да го  отвориме прашањето на името, тоа сеуште не е затворено!!! Не излезе на референдумот на 30.09. 2018 год затоа што не сакаше да  му даде легитимитет на нешто што е спротивно на меѓународното право и на Уставот на Република Македонија.

Според Гордана Силјановска-Давкова  овие претседателски избори се вистински момент да се делегитимира власта која што создаде еден хибриден , нелиберален режим.

Се залага за владеење на правото што според неа е врвната цел, а правото на самоопределување е задолжителна норма. Името, знамето ,химната, политичкиот систем се неразделен дел од правото на самоопределување и никој не може да и каже на Македонија како да се вика!!!!

Затоа секој од нас има обврска да влијае со својот глас и да се спротивстави на пропаста продуцирана од актуелната влада.

Затоа поважно од било кога порано е да се обединиме и секој од нас да го даде својот глас за Проф. Гордана Силјановска Давкова, на кого  нашата партија вклучувајќи ме и мене и ја даваме нашата поддршка.

Затоа потребен ни е секој човек, обединети и сложни.
Борбата ќе трае и само обединети во еден опозициски народен фронт за честита Македонија не се сомневам дека ќе успееме!

Пишува за mn.mk Мане Јаковлевски

Најнови вести