Очекуваните загуби за кинескиот концерн ZTE кои ќе следат од наметнатите од САД санкции ќе се во износ од најмалку 3,1 милијарди долари.
Според извори на Bloomberg, Кинезите се надеваат договорот за намалувањето на ембаргото што беше наметнато од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, да биде постигнато во максимално кратки рокови.
До денес американските компании имаат забрана да вршат какви и да било трансакции со ZTE што практично доведе до замрзнување на активностите на компанијата.
Очекувањата се конечен договор за укинување на санкциите да биде постигнат во наредните денови.