Актуелно 27.08.2019 12:59

Ѓорчев: Одговорност и оставки за доцнењето од 5 часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Ѓорчев: Одговорност и оставки за доцнењето од 5 часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа. Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне, во 16 часот. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа. Огромна благодарност и честитки до пожарникарите, до припадниците на Армијата на Република Македонија, до доброволците кои што го гасеа пожарот. Но оние кои што потфрлија тоа се владините институции, тоа се министрите и директорите. Ако треба сето ова во триесетина секунди да го сумирам, а она што го видовме и едноставно она што од прва рака го видов и слушнав во Велес е следното, време е за оставки на директорите и министрите, истакна Ѓорчев и додаде:

„Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност“.

Време е, подвлече Ѓорчев, за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри.