„Amazon“ може да достигне пазарна оценка од 2.5 илјади милијарди долари до 2024-та година, а една од причините за тоа ќе е бизнисот на компанијата со облачни услуги, сподели во својата нова анализа Роб Сандерсон од „MKM Partners“.
Само овој бизнис за 6 години ќе се проценува на над 1.000 милијарди долари, што е повеќе од пазарната капитализација на целата компанија во моментов, пишува Сандерсон.
Претходно овој месец „Apple“ стана првата американска компанија која ја мина психолошката граница од 1.000 милијарди долари капитализација, додека денес „Amazon“ е со оценка од 929 милијарди долари.
„Ние сé уште веруваме дека „Amazon“ е најдобрата долгорочна понуда за инвеститорите денес“, вели аналитичарот. Тој, исто така, ја зголеми прогнозата за цената на компанијата во наредните 12 месеци од 1.840 до 2.215 долари.
Вчера акциите ја прекинаа берзанската сесија по цена од 1.904,90 долари.