Финансии 30.01.2019 23:24

Google и Amazon i Walmart се новите конкуренти на банките?

Google и Amazon i Walmart се новите конкуренти на банките?

Според новите студии на некои школи за комуникации речиси 60% од американските банкарски клиенти би размислиле да ги пренесат своите пари на сметки кои ги нудат познатите компании, како што се интернет продавниците, пребарувачите или продавниците со големи кошнички и покрај тоа што овие компании немаат искуство со финансиски услуги.

“Силно веруваме дека банкарството е следната индустрија што ќе биде целосно нарушена со дигитални промени”, рече Џефри Кол, директор на центарот. “Нашето истражување покажува дека клиентите се далеку понапред од банките во гледањето на интернет и апликациите како нивни преферирани банкарски методи„ – додаде Кол. “Банките се лошо подготвени за големите промени што ќе ги донесат од влезот на Амазон, Гугл и нови Fintech компании во нивните бизниси”.

Според овие студии доколку нивните депозити ги имаат истите гаранации како и традиционалните банки, Американците како можни финансиски партнери ги наведуваат Amazon, Google и Walmart.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.