Економија 05.09.2018 11:58

Кина ќе одвои 60 милијарди за развој на Африка

Кина ќе одвои 60 милијарди за развој на Африка

Кина ќе одвои дополнителни 60 милијарди долари за економскиот развој на африканските земји, вети кинескиот претседател Кси Џинпинг на Самитот Кина-Африка во Пекинг.

Оваа поддршка “вклучува 15 милијарди долари грантови и бескаматни заеми, кредитни линии и инвестиции на кинески компании”, рече претседателот на Кина, кој честопати е обвинет за наметнување неодржлив долг за неговите партнери, објави Бета.

Кина-Африка форум за соработка се одржа во Пекингн со  претседателот на Кина и  на повеќе од 50 африкански земји. Десетици африкански лидери се сретнаа  пред конференцијата.

Најнови вести