На настанот „Skopje Classic Day“ се очекува да бидат изложeни 50-тина луксузни олдтајмери и 20-тина моторцикли, а меѓу нив ќе има и 10-тина автомобили донесени од соседните држави. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.
изложба олдтајмериОрганизаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои неодамна во Скопје го организираа по третпат „Distinguished Gentleman’s Ride“, во разговор за МИА најавија поразлична изложба од досега организираните во Македонија.
– Ќе има индивидуално претставување на секое возило и ќе се обидеме да ангажираме девојки кои ќе имаат соодветен аутфит со периодот од кој потекнува возилото со цел да се добие целосен впечаток за тој временски период. Селектираме автомобили и моторцикли бидејќи идејата не е да одиме на квантитет, туку на квалитет, велат Стефановски и Петровски.
изложба олдтајмериЗамислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото, а планирано е да се додели и награда за најдобра целосна презентација.
– Секој има приказна врзана за своето возило – како го нашол, колку време му било потребно да го рестарвира возилото……, вели Петровски.
Слични вакви изложби има организирано во соседните држави.(МИА