Живот 29.05.2018 17:17

4 грешки кои ги правиме при трошење

4 грешки кои ги правиме при трошење

Живееме во време кога секојдневно трошиме пари за најразлични потреби, задолжителни сметки, за основна егзистенција и тоа се трошоци кои се фиксни и задолжителни. Но, многу често се случува да трошиме пари и на наши желби без притоа да размислиме дали тоа навистина ни треба.

Независно од буџетот со кој располагаме, правиме одредени грешки при неразумното трошење пари.

Во продолжение Ви прикажуваме како и зошто ги правиме тие грешки при трошењето и можност во иднина да извлечеме поука да не ги правиме грешките и притоа дополнително да заштедиме.

1. Трошење за заштеда

Никогаш не дозволувајте да потпаднете под влијание на маркетинг рекламите дека доколку купите одреден производ, дополнително ќе заштедите. Трошење на повеќе пари за заштеда е стапица во која потпаднуваат многу луѓе.

На пример се случува во маркет да купите два предмети на акција при што едниот го добивате гратис. Но, многу често ги купуваме производите поради тоа што вториот го добиваме гратис, а не поради тоа што ни е потребен првиот.

Не подлегнувајте на ваквите примамливи предлози кога не мора да купувате.

2. Плаќање на предложената пазарна цена

Втора грешка која ја правиме често е што ја плаќаме пазарната цена на производот. Некогаш условите не дозволуваат да бараме попуст и одредено намалување на цената, но исто така, многу често се срамиме да прашаме дали би добиле одреден попуст при купување. Доколку не може, секако ќе ја платиме редовната цена на производот или услугата, но ништо не не спречува да се обидеме да ја намалиме првичната цена понудена од трговецот.

Корисниците кои ја плаќаат оваа цена веруваат дека правењето попуст е многу тешка задача.

3. Емоционален шопинг

Во многу случаи, одредени луѓе купуваат кога се чувствуваат среќни или тажни. Правењето на емоционален шопинг е една од најголемите грешки кои ги правиме несвесно. Често се случува да купиме одредени парчиња облека, чевли и слично, а истите да не ни требаат. Исто така, се случува да купуваме одредени производи во маркет кои се на акција и се “евтини”, иако во моментот не ни се неопходни.

Никогаш не подлегнувајте на емоции и емоционално трошење на пари. Потребата е таа која треба да ни биде водилка при пазарувањето и разумното трошење, а не емоциите.

4. Добивање мејлови за попуст

Во денешно време практика на големите маркети и сите останати продавници да се рекламираат онлајн, често праќајќи мејлови со попуст и промотивни содржини за своите производи и услуги.

Со добивањето новости на е-меил за дневни, неделни или месечни предлози, ние паѓаме во една доста добро позната стапица. Секој пат кога некоја понуда ќе пристигне во нашата пошта, често сме заинтригирани од истата и веројатноста да одлучиме да ја искористиме предноста на некоја од нив е голема. Често се случува да купиме некој од овие производи кои ни се нудат, иако повторно истите не ни се неопходни во моментот.

Се надеваме дека со овие совети Ви укажавме на дел од грешките кои ги правите при купување и дека во иднина ќе бидете посвесни кога во прашање е трошењето на Вашите финансии.