Мозаик 08.10.2018 14:45

50% од младите во Македонија се невработени

50% од младите во Македонија се невработени

Се поголем е бројот на млади луѓе без работа. Податоците што ги објави Светска банка покажуваат дека се намалува и бројот на активното население. Работоспособните не сакаат да работат и не бараат работа.

Миграцијата, пред се на младите, се зголемува. Бројките за македонскиот пазар на труд се алармантни. Бизнисмените веќе и порачаа на Владата дека треба да престане со привлекување на странски инвеститори зошто нема вработени. Од Светска банка пак алармираат дека Македонија обезбедувањето на квалификуван кадар, е едно од барањата за влез во Европската Унија. За да се зголеми ефиканоста на економијата, клучна алка е ефикасноста на пазарот на труд.

„Многу е важно да почнете да инвестирате во образование на младите, проблемот со вештините на работоспособното население е очигледно. Новите иновативни компании не можат да најдат квалификувана работна сила. За тоа проблемот е големата миграција, а од другата страна се намалува бројот на ученици кои што се запишуваат во основно и средно образование“, рече Сања Маџаревиќ Шуистер, виш економист Светска банка.Друг проблем што Македонија има најмала продуктивност на трудот во Европа. Проблем на македонскиот пазар на труд е и малата мобилност на работоспособното население. „

Треба да работите на мобилност на работната сила, луѓето да можат лесно да се селат од една на друга работа ако не е одржлива, да има мобилност низ сектори и низ региони. Треба да имаат адекватни вештини да можат да мигрираат во различни професии и да сменат работа ако има во друг регион. Имате три пати поголема невработеност на североисточниот споредено со југоисточниот регион. Овие региони се многу блиску но има големи разлики меѓу регионите“, додава Сања Маџаревиќ Шуистер, виш економист, Светска банка. Овој процент е се уште висок споредено со европските земји. Во исто време невработеноста кај младата популација се зголемува и достигна до 50 %.