Мозаик 11.01.2019 17:33

Осаменоста е болест од која денес најмногу страдаат младите

Осаменоста е болест од која денес најмногу страдаат младите

Генерации родени во овие години страдаат од осаменост, а причината не е она на што би помислиле.
– Социјалните мрежи не се јасен индикатор дека нивната “почестат употреба” има врска со “осаменоста”. Освен тоа, дури и оние кои најмногу ги користеле социјалните мрежи, имале ист “индекс на осаменост” како личностите од истата генерација, кои ги користеле помалку …

За генерацијата Z се смета група родена во средината на 1990-тите и сѐ до раните 2000-тите, но сè уште нема консензус за тоа кога е завршена. Пред тоа ја имавме генерацијата на “миленијалци”, на која (исто така) ѝ се припушува дека се желни за патувања, за себе-промоција, постојано да напредуваат, за работа која не е “9-5” и да не се врзани премногу долго на едно место, а од друга страна постојано се под притисок дека конкуренцијата е премногу силна и дека никогаш не се доволни. Една од карактеристиките на овие генерации во развиениот свет е во тоа што мобилните телефони практично им се продолжена раката – комуницираат, работат и “постојат”, преку социјалните мрежи и апликации.

Затоа многу експерти веќе со години зборуваат за нивната социјална изолација и се обидуваат да докажат дека социјалните мрежи ги отуѓиле помладите генерации, дека помалку се дружат во живо, па и кога се дружат типкаат/пишуваат на мобилните телефони.

Но, последното истражување спроведено на 20.000 американски возрасни лица (постари од 18 години) покажува дека социјалните мрежи не мора да се причина за оваа осаменост.

Што тогаш ги довело до тоа да се чувствуваат осамено, дури повеќе и од пензионерите кои сами живеат?

На пример, истражувањата покажале дека речиси половина од испитаниците (46 проценти) се чувствуваат “понекогаш” или “секогаш” осамено, а 47 отсто рекле дека често се чувствуваат исклучени. Еден од четворица испитаници (27 проценти) ретко или никогаш немаат чувство дека има луѓе кои навистина разбираат како се чувствуваат, а двајца од пет испитаници понекогаш или секогаш чувствуваат дека нивните односи немаат смисол и значење, додека речиси половина (43 проценти) кажуваат дека се чувствуваат изолирани од другите.

Еден од пет испитаници рекле дека ретко или никогаш не се чувствуваат блиски и интимни со други луѓе.

Испитаниците кои не живеат сами тврдат дека поретко се чувствуваат осамени, додека 43 проценти од самците велат дека честопати се чувствуваат осамени.

Најмладите возрасни лица се најосамени, но тоа нема никаква врска со социјалните мрежи
Само половина (53 проценти) од анкетираните Американци одговориле дека чувствуваат дека имаат обмислени меѓучовечки односи со други луѓе, како што се честите подолги разговори со пријателите или редовно поминато време со членовите на семејството.

Што се однесува до оние на возраст од 18 до 22 години (генерација Z), се покажало дека оваа генерација е најосамената. Исто така, тие се чувствуваат здравствено полошо од постарите.

Социјалните мрежи не се јасен показател дека нивната “почеста употреба” има врска со “повеќе осаменост”.

Покрај тоа, дури и оние кои најмногу користеле социјални мрежи, имале ист “индекс на осаменост” како личностите од истата генерација која ги користела помалку.

Социјалните мрежи дури и помогнале во комуникацијата кога се користеле смислено. Значи, ако тие се користеле за поврзување и комуникација со луѓе, а не само “бесмислено” на пребарување вести.

Она што влијаело на поголемо чувство на осаменост се три поврзани фактори – физичко и ментално здравје, и нивото на дружељубивост, односно исполнување на потребите на тие три области.

Истражувањето, исто така, довело до неколку важни поуки.

Оние кои влијаат на нашите чувства се – да спиеме доволно за да имаме рамнотежа помеѓу работата и одморот, односно приватниот и деловниот живот, доволно време да поминувме со семејството, пријателите и доволно време “да бидеме сами со себе”.

Најважно е да се задржи рамнотежа на овие области и со ниту една да не се претера, велат авторите на студијата.