192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти директорот на ФИТР, Никола Додов на денешната прес-конференција за ревизијата во оваа институција. Се работи за 60 фирми за кои се води истрага.
Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.
Директорот Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот. Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.
Постои и основан сомнеж дека со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.
Се истражува и слуај на големи средства дадени во ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.
Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.
Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти.
Потенцира и дека два „Иновциски“ градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.
Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи
Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција директорот Додов најави дека ќе извести за кривичните пријави.