Сè уште гледате на својот сингл статус како на нешто лошо?
Време е да престане тоа да го правите, бидејќи, ако само за миг се погледнете во огледалото, ќе разберете дека пред вас стои попаметна, посилна, поискусна, посигурна и посамоуверена жена отколку кога било досега.
Такви сигурно сте станале и кога станува збор за љубовта, а и бројни истражувања покажале дека жените по ова прашање стануваат попаметни во доцните дваесетти и триесетти кога им се менува сликата на идеален партнер и на она што сакаат од животот и љубовта.
Еве зошто вашиот самечки живот во овие години воопшто не е лоша работа. Кој знае, можеби овој текст ќе ве охрабри конечно да излезете од врската која не ве задоволува целосно.
1. Можете да направите било што, со било кој и секогаш кога сакате
Никој не ве запира веќе утре да ги спакувате куферите и да отпатувате некаде, дури и само за викенд, да останете цела ноќ надвор, да спиете цел нареден ден, да одите дури и на неколку дејтови и на крајот да правите баш сѐ што срцето ќе посака.
2. Попаметно бирајте со кого ќе одите на дејт
Сега многу добро знаете каков партнер сакате, а каков дефинитивно не сакате, и нема да излезете со било кој или да влезете во врска туку така.
3. Подобро ќе се поврзете со пријатели
Кога сте соло, имате повеќе време да се дружите со пријателите и семејството, а тоа никогаш не е лошо, бидејќи подобро ќе се поврзете.
4. Ќе имате повеќе време за себе
Да се посветите на себе си е она што ви треба и она што го заслужувате, а често немате време за тоа, поради што се чувствувате лошо. Искористете го овој момент најдобро што можете да работите на себе за да станете уште подобра верзија од себе.
5. Учете на туѓи грешки
Вашите зафатени пријатели сигурно имаат корисни совети и признанија за нивните минати и сегашни врски кои можат да покажат многу повеќе за односот помеѓу мажите и жените.
6. Сега можете да бидете многу себични со пари
Намачкај те се со нешто што отсекогаш сте сакале, бидејќи никој нема да може тоа да ви го префрли.
7. Вие целосно можете да се посветите на кариера
Кога сте во пар, прекувремената работа и работните викенди потешко ви паѓаат, бидејќи логично е тоа време да го потрошите со вашиот партнер. Докажете му конечно на шефот колку сте посветени на работата и заработете го тоа унапредување, покачување или што и да сакате.