Актуелно 19.02.2019 19:29

70.000 мигранти се упатија кон Македонија

70.000 мигранти се упатија кон Македонија

Во Грција се наоѓаат речиси 70.000 мигранти, кои се движеат кон земјите од ЕУ, изјави денеска министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.

Тој нагласи дека ова предизвикува загриженост во Босна и Херцеговина, бидејќи постои можност голем број од мигрантите на патот кон ЕУ да ја одберат балканската рута.

Мектиќ изјави дека покрај можноста за тргување на мигрантите кон ЕУ, загриженост предизвикува и „дневниот прилив“ на мигранти од Турција и Грција.

– Дневниот прилив на мигранти од Турција во Грција е близу 300. Се претпоставува дека ние би имале сериозни проблеми. Не постојат дефинитивни решенија за мигрантска криза. БиХ и натаму ќе биде жртва на проблемот, Бараме решенија, додаде Мектиќ.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу вчера соопшти дека лани во Турција биле спречени 268.003 мигранти во обидот да заминат во ЕУ, а дека бројката на вакви лица во првите пет недели од оваа година изнесувала 16.523.

Мектиќ на денешната прес-конференција се осврна и на проблемот со мигрантите што се наоѓаат во северозападниот дел на БиХ, од каде се надеваат дека ќе успеат илегално да преминат во Хравтска.

– Дел од овие мигранти во текот на оваа недела ќе ги вратиме во Сараево. Не можеме да ги затвориме мигрантските центри. На тој начин нема да решиме ништо, додаде Мектиќ.

Тој информираше и дека меѓу мигрантите сместени во прифатните центир биле идентификувани шест лица, кои „на одреден начин се поврзани со тероризм и некои терористички активности“.

– Во моментов се наоѓаат во имиграцискиот центар. Се проверуваат други податоци и други факти. Тие влегле во БиХ илегално. Ќе донесеме одлука за нивната судбина, истакна Мектиќ.

Најнови вести