Актуелно 10.03.2019 17:32

Возило со 15 мигранти излетало од патот кај Демир Капија

Возило со 15 мигранти излетало од патот кај Демир Капија

Синоќа на автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, патничко моторно возило „Мицубиши“ со германски национални ознаки излетало од коловозот.

Возилото било управувано од 24-годишно лице со иницијали Џ.Н. од селото Арачиново-скопско, а со него превезувал 15 мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан.

Во незгодата нема повредени лица, а Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка.