Актуелно 27.04.2018 10:15

Две службенички ја оштетиле охридската болница за над три милиони денари

Две службенички ја оштетиле охридската болница за над три милиони денари

 

СВР – Охрид поднесе кривични пријави против две лица поради сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, кои со своите нелегални активности материјално ја оштетиле ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид.

Според полицијата, станува збор за 49-годишна стружанка, шеф на Отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид како и 59-годишна охриѓанка, помошник директор за економски работи во истата здравствена установа.

Пријавените во периодот од 2013 до 2016 година, додека биле на раководни места, договарале јавни набавки на услуги за сервисирање и одржување на медицинска опрема само со една фирма од Скопје, при што го надминале предвидениот лимит од милион денари за дополнителни 1.262.342 денари. Првопријавената и покрај тоа што ставката на проценетата вредност на јавна набавка била од 13 милиони денари, за која била донесена и одлука, изготвила Одлука со невистинити податоци на износ од 16 милиони со што го надминала
предвидениот лимит за 2.202.136 денари.

Со наведените дејствија двете пријавени на предизвикале вкупна материјална штета од 3.464.478 денари.