Коосновачот на кинескиот интернет гигант „Tencent“, Ма Хуатенг, познат уште и како Пони Ма, загубил 1,3 милијарди долари за еден ден откако неговата компанија објави прв пад на профитот за последните речиси 13 години, пишува „CNBC“.
Компанијата објави нето-профит од 2,7 милијарди долари за вториот квартал од годината, што е 2% пониско од пред една година. Приходите на „Tencent“ се зголеми за 30 отсто на 11,1 милијарди долари, но сепак беа пониски од очекувањата на аналитичарите.
Ова е, исто така, најбавната стапка на раст на приходите на компанијата од вториот квартал на 2015-та година.
Резултатите ја рефлектираа цената на акциите на „Tencent“, која намали 1,3 милијарди долари за еден ден од богатството на Пони.
Според последните податоци на „Forbes“, тој има 37,8 милијарди долари, со што се наоѓа на првото место во Кина и 20-то место во светот.
Само пред една недела, Ма беше 17-ти во рангирањето. Веднаш зад него сега е основачот на „Alibaba“, Џек Ma со 37,5 милијарди долари.
Ма Хуатенг ја основаше „Tencent“ во 1998-ма година и влегува во листата на милијардери на списанието „Forbes“ во 2008-ма година со нето богатство од 1,4 милијарди долари, само четири години по појавувањето на компанијата на берзата.
Податоците на „Newzoo“ покажуваат дека „Tencent“ денес е најголемата компанија за игри во светот, во однос на приходите.