Здравството во Република Македонија е во клиничка смрт. СДСМ и Венко Филипче, наместо за интересот на пациентите се грижат за интересот на веледрогериите и распределбата на милионските тендери, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Филипче, според основани сомневања за неполн месец се обиде да протне криминални тендери во износ од 40 милиони евра, на штета на пациентите.
-На Филипче не му е грижа за здравјето на граѓаните и затоа парите од Буџетот ги троши на милионски тендери. Недозволиво е министерството за здравство да молчи и да бега од одговори дали инсулинот за кој има сомневања дека e со кус рок во Република Македонија е донација и дали истиот е поврзан со невладината каде Венко Филипче директорува. Филипче и СДСМ не смеат да продолжат да си поигруваат со здравството, граѓаните очекуваат одговорност, а не арамилак во водењето на еден од најзначајните ресори во државата, се наведува во партиското соопштение.
Здравството, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, не смее да биде жртва на неспособноста и желбата за профит на Филипче и СДСМ.
Квалитетно здравство е право на граѓаните и обврска на власта, СДСМ ако не може тоа да го овозможи и треба да си замине. Граѓаните немаат два животи, за едниот да му го подарат на Филипче и СДСМ.