Според германскиот професор по економија, Фердинанд Дуденхофер, кој ги истражувал продажните резултати и заработката на производителите, Ферари профитира со по 69.000 евра од еден продаден автомобил.
Таа бројка се добива поради скапите дополнителни поволности што им се нудат на клиентите, на пример – боја по избор, која во некои држави чини и 40.000 евра. На второ место е Порше со профит од 17.000 евра.
Ауди, БМВ и Мерцедес Бенц заработуваат околу 3.000 евра за продаден автомобил.
Масерати е малку поуспешен, со 5.000 евра за секој примерок што излегува од салонот, а Волво има малку помал профит од нив.
Бентли, од друга страна, сега губи 17.000 евра за продаден автомобил поради тековните големи инвестиции.