Актуелно 22.08.2018 11:50

Јапонија и Русија планираат да воспостават рута за товарен транспорт

Јапонија и Русија планираат да воспостават рута за товарен транспорт

Јапонија и Русија планираат да воспостават рута за товарен транспорт меѓу двете земји преку Транссибирската железница со што сакаат да ја зајакнат заедничката економска соработка преку развивање „трет канал на дистрибуција”, следејќи ги  поморските и воздушните патишта, пишуваат јапонските медиуми.

Реализацијата на овој проект е поттикната од желбата да се изгради доверлива врска меѓу двете земји, отворајќи го патот за решавање на територијалните спорови, пренесува money.hr

Според пишувањето на јапонскиот весник „Џомиури Шимбуни”, јапонската компанија ќе почне тест за Транссибирската железница приближно во исто време кога ќе започне 4. Источен економски форум, кој ќе се одржи од 11 до 13 септември, а со кој ќе претседава јапонскиот премиер.