Актуелно 22.08.2018 11:12

Поддршка за обвинетите од 27-ми април: „Слобода за нашите браќа патриоти“ бараат насобраните пред Судот

векот“, група граѓани се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април. Тие со зурли и тапани ги чекаат обвинетите.

Судот е под силно полициско обезбедување. Пред малку стигна поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков со својот адвокат. Со него во судот влезе и оперскиот пејач Игор Дурловски. Со скандирања беше пречекан актерот Владо Јовановски.

За упадот во Собранието обвинети се вкупно 32 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници и организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“.

Меѓу поддржувачите е и Сотир Костов и Иванка Василевска, поддржувачи на Иницијативата. Насобраните извикуваат дека тие се етнички Македонци а за знамето на Вергина велат дека е македонското знаме.