ОПочина уште едно дете за кое Фондот за здравствено осигурување под сомнителни околности не одобрил доволно пари за лекување на девојчето во странство за кое било констатирано дека боледува од редок вид леукемија.
Одговор од Фондот за здравствено осигурување нема зошто за девојчето не биле одобрени доволно пари за лекување? На социјалните мрежи, гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца.
-Донации имаше доста, меѓутоа фондот не сакаше да одобри пари за лекување во Германија. Не знам на што се должи таквата политика на фондот, но ние за жал пак изгубивме детски живот чекајќи на фондот. Срамота, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.
Во друг коментар стои:
-Одвојуваат по 1 милион евра за кампањи за референдум, а немаат за да спасат еден детски живот. Срамота, ќе ја носат на душа сите тие, нека почива во мир.
Да се потсетиме дека додека СДСМ беше опозиција, устата им беше полна дека кога ќе дојдат на власт нема да дозволат да умре ниту едно дете. Но, откако СДСМ дојде на власт, здравството се најде пред невиден колапс, хаосот секојдневно ескалира и продолжува додека министерот дава празни ветувања и проекти кои ги има само на хартија.
Минатото лето за само два месеци починаа над десеттина бебиња за кои одговорност не поднесе владата на СДСМ.
Пред одреден период македонската јавност беше сведок како четири деца завршија во кома поради дијабетис кој претходно не бил дијагностициран, а сето тоа било како резултат на ненавремена дијагноза четири детски животи беа ставени во ризик, а ризикот за трајни последици по нивното здравје постои.
Пред само неколку недели беше регистриран и сериозен број на заразени деца од морбили во Дебар, бројка која достигнала дури и над 20 заболени. За овој срам што се случува во македонското здравство никој не поднесува одговорност.
Дали сега Владата на СДСМ ќе одржи за секое умрено дете една минута молк како што го стори кога беше опозиција? СДСМ во една прилика симболично оддаде почит со едноминутен молк за малата Тамара, чиј случај беше монструозно политизиран. Оттука колку минути молк оваа влада треба да одржи за сите умрени деца откако се на власт?