Вили Вебер, поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, е само една од низата личности кои чувствуваат дека за жал можеби деновите му одбројани.
Малку информации има во јавноста за неговата состојба, а изјавата на Вебер ги запрепасти фановите, кои се надеваа на подобри вести.
-Го затворив поглавјето над Михаел после долг период оплакување. Инаку би полудел, вели Германецот.
-Ги поминавме најубавите, успешни времиња заедно, минавме низ се во тие 20 години. Ми беше драг и верен пријател, кажа Вебер, кој со Шумахер соработуваше до 2010 година.
Кобната несреќа се случи на скијање во 2013 година, а од тогаш за Шумахер малку се знае. Моментално живее во швајцарското гратче Гланд со своето семејство.