Дождот кој утринава врнеше во Скопје направи големи проблеми во населбата Драчево, каде според фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види една улица која е целосно поплавена.
Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали треба да пливаат за да пристигнат на работа и да ја започнат работната недела.
Во објавите тие бараат реакција од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, порачувајќи му дека не е прв пат да биде ваква состојбата на оваа улица, а решавање на проблемот од страна на општината се уште нема.
-Филип, доколку не дојдеш денеска да видиш што ти се случува во општината, ќе дојдам јас во твојата барака, пишува во една од објавите на Фејсбук.