Буџетскиот дефицит на Франција во јавниот сектор најверојатно ќе биде полош од очекуваниот во оваа година на околу 2,6% од економскиот резултат. Ова го изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, цитиран од „Ројтерс“.
Според неговите зборови, забавениот раст од очекуваното ќе го зголеми дефицитот на 2,5% наместо очекуваните 2,3%.
Одлуката на владата да ја преземе јавната железничка компанија „SNCF“ ќе додаде дополнителен притисок врз дефицитот, кој ќе се зголеми на 2,6 отсто.
„Целта за 2018-та година останува да бидат исполнети трите проценти (препорачано ограничување на ЕУ), но нема да сме на 2,3%“, истакна Ле Мер.
Во исто време порано денес стана јасно дека владата на претседателот Емануел Макрон ќе се насочи кон намалување на трошоците во социјалниот сектор во рамките на следниот круг од реформи во позадина на податоците за послаб од очекуваниот раст.
Премиерот Едуард Филип изјави дека властите ќе продолжат со своите планови за реформи, и покрај тоа што нивниот рекорд за непопуларност по нешто повеќе од една година на функцијата.
Владата вети подготвени реформи насочени првенствено кон бизнисот, стимулирање на растот и создавање на нови работни места, иако бројките покажуваат поинаку. Пред француското издание „Le Journal du Dimanche“, Филип посочи дека буџетот за 2019-та година ќе е базиран врз прогноза за раст од 1,7%, а не за очекуваните во април 1,9%.
Според премиерот, владата се надева дека ќе ги намали трошоците главно на неефикасни политики, како што се домувањето и субвенционираните работни места.
Тој посочи дека надоместоците за домување, семејните бенефиции и надоместоците за пензионирање ќе се зголемат за само 0,3% во текот на следните две години. Ова е значително пониско од инфлациските очекувања во 2019-та и 2020-та година од 1,5% и 1,8%, соодветно.