Австралиски работник земал плата стотина пати поголема од нормалната, поради грешка.
Причината е запирка која во сметководство ја ставиле на погрешно место.
Среќниот работник требало да добие плата од 4.921,76 австралиски долари, а по грешка му биле уплатени 492.176 долари.
Сепак, овој чесен работник ја вратил разликата. Според извештајот кој го објавиле властите се работи за две грешки, една е погрешен внес на податоци, а другата нереагирање на предупредувањето кое системот го дава по автоматизам.
Интересно е дека ова е една од 743 погрешни уплати во северниот дел на Австралија од јули 2017 година до јануари 2018 година, а 767.000 долари се уште не се вратени.