Економија 29.01.2019 11:24

Најниската плата во Грција од 586 се зголемува на 650 евра

Најниската плата во Грција од 586 се зголемува на 650 евра

За 11 отсто, односно од 586 на 650 евра, ќе се зголеми најниската плата во Грција, најави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната владина седница и побара од неговите министри да го поддржат неговиот предлог, што беше проследено со аплауз од членовите на Владата.

Паралелно со зголемувањето на најниската плата се укинува и платата пониска од најниската за младите под 25 години, што досега изнесуваше 510 евра.