Македонската економија е на климави нозе, ова го тврдат и експертите но и бројките го покажуваат истото.
Имено, Македонија се соочува со најлошите можни резултати на економски план во нејзината историја со раст на БДП од 0 % за 2017 година односно стагнација во период кога сите земји во регионот па и во Европа ги бележеа своите блескави резултати на економски план. Според економистите Македонија и во време на светски и регионален развој не успеа да ги искористи поволните случувања и состојби самата да генерира раст.
БДП Раст 2017 Еуростат
Македонија = 0%
Србија = 1,9 %
Хрватска= 2,8 %
Словачка = 3,4%
Бугарија = 3,6%
Словенија =5 %
Романија = 7%
Ентузијазмот беше зголемен за 2018 година и откако беа објавени катастрофалните резултати за 2017 година, светските реномирани институции предвидоа раст на македонската економија од 3,2 % за 2018 . Меѓу овие институции беше и Светска банка и ММФ кои сепак мораа да ги ревидираат стапките од 3,2 % на 2,3 % поради лошите економски политики на Владата кои не вродија со плод ниту донесоа конкретни резултати.
Дека не и оди добро на Владата при водењето на најбитната гранка- економијата зборуваат и податоците од првиот квартал од 2018 година за раст на БДП кој изнесуваше очајнички 0,1 % раст.
Колку за споредба, растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст.
Исто така според финансискиот извештај кој го објавува Министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции е загрижувачки слаба. Така за првите 7 месеци од оваа година реализацијата на капиталните инвестиции изнесува само 21, 3 % што е катастрофално малку.
Експертите велат дека ако продолжи ваквиот лош тренд и неработење на Владата и економскиот тим македонската економија ќе се соочува со огромни проблеми во наредните години. Исто така според нив ова ќе се рефлектира и врз стандардот на граѓаните кој полека но сигурно се повеќе се намалува додека сиромаштијата зазема се поголем замав.