Актуелно 05.09.2018 16:24

Арсовски: СДСМ со ново задолжување од 12,7 милиони евра враќа нивно задолжување

Арсовски: СДСМ со ново задолжување од 12,7 милиони евра враќа нивно задолжување

Криминалниот картел на власт безкурпулозно ја задолжува државата. Веќе човек не може да ги избори задолжувањата кои по разни основи ги прави оваа недомаќинска власт на СДСМ. Вредноста по сите основи за нешто повеќе од една година надмина 1 милијарда и 500 милиони  евра бруто задолжување, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-За да не помине недела без ново задолжување, вчера Министерството за финансии ги задолжи Македонија и граѓаните за нови 780 милиони денари, односно 12,7 милиони евра, ново задолжување од вчера. Патем оваа власт ова задолжување го прави за да почне да ги враќа своите долгови кои ги направи пред само една година. Со други зборови криминалниот картел вчера префрли од шупло во празно и врата свои доспеани долгови за кредити кои ги зема минатата година, а за кои никој не знае каде се потрошија парите. Помина речиси половина мандат, а нема ништо направено СДСМ, изградено или реализирано. Реализацијата на капиталните инвестиции оваа година е катастрофално и рекордно историски најлоша во последниве 30 години. Само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции се реализирани. Поразително.  Затоа нема 600 километри нови автопати, нема 100 илјади денари плата за лекарите, затоа нема нови училишта, нови болници, нови градинки, студентски домови, спортски сали, затоа нема пари за земјоделците. Затоа растот на економијата во Република Македонија е на ниво 0, убедливо најнизок не само во споредба со европските земји, туку и во споредба со земјите од регионот, истакна Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека економијата ни тоне, крах и катастрофа на секое поле, само задолжувањата растат секојдневно.

-Поминати се сите психолошки граници, јавниот долг надмина над 5 милијарди евра, а државниот долг над 4 милијарди евра и тој се ближи кон 5. Ако се земе предвид дека нема да се постигне проектираниот раст на БДП за оваа година, големината на овие задолжувања ќе бидат уште поголеми до крајот на 2018 година. Граѓаните гледаат дека со овој криминален картел на власт на СДСМ нема никаква иднина државата, а уште помалку нема да стане ниту европска. Се работи за властодршци кои се крајно неспособни, неработливи, но пред се корумпирани и криминогени. Тие парите на граѓаните наместо за потребите на народот ги трошат за тендери во 4 очи, за матни зделки и финансирање на бизниси на партиски блиски фирми. Со право се плашиме дека и новото задолжување ќе заврши за покривање на некоја нова иновативна метода за испумпување на народни пари во функционерски џебови во 4 очи, истакна Арсовски.