Во швајцарските Алпи, на надморска височина од речиси 2.000 метри, се наоѓа хотелот „Нул Штерн“, кој има соба без ѕидови, без вода, бањи и без плакари, но ноќевање во неа чини 250 евра и се чека на ред за да се резервира.
Хотелска соба без ѕидови2-001
Всушност станува збор за отворена соба, која ја осмислиле концептуалните уметници Френк и Патрик Риклинц за потребите на еден фестивал и чија оригинална идеја предизвика воодушевување, објави „Ели Декор“.
Хотелска соба без ѕидови3-001
„Собата“ сместена високо во планините овозможува гостите да ја почувствуваат природата на посебен начин во удобниот мал кревет, а тоа што нема ѕидови, е надополнето со врвната услуга.
Хотелска соба без ѕидови4-001
Имено, во ноќевањето од 250 евра е вклучено и пијалак, обилен појадок и личен батлер.