Во вчерашната емисија 24 Анализа на ТВ 24 гостуваа актуелниот вице- премиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев , универзитетскиот професор Трајко Славески и Неби Хоџа претседател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија.
Актуелниот Кочо Анѓушев изјави дека Владата има јасен план за развој на економијата и дека растот на БДП во вториот квартал е резултат на тоа.
На тоа универзитетскиот професор Трајко Славески и поранешен министер за финансии кажа дека сеуште планот за раст на економијата од Владата не дава видливи и реални резултати.
-Беше кажано дека наводно планот за поддршка на стопанството или реформи за раст и развој ги дава првите резултати мислам дека сеуште не се чувствуваат видливи резултати од тој план за раст на економијата затоа што овој раст се должи на две работи главно.Првата е што споредуваме со многу ниска основа преку 1, 5 % беше падот на БДП во вториот квартал во минатата година и 3,1 % се разбира на така ниска основа не треба премногу да радува.Понатаму ако одиме во структурата на растот од производна и од расходна страна може да дојдеме до заклучок дека за растот многу влијае пред се растот на светската економија и позитивните движења во европската економија.
Исто така Славески истакна сека растот генерално се должи на работата на странските директни инвестиции кои функционираат во ТИРЗ зоните.
-Оние сектори што растат на пример кај индустријата да го земеме порастот од 5 , 8% , преработувачката и извозот се должат на работата на странските инвестиции во слободните ТИРЗ зони.
Трајко Славески истакна дека загрижувачки е фактот што градежништвото е во континуиран пад и дека исто така има пад во ИТ индустријата за преку 10 % што е поразителен резултат.
-Она што загрижува е континуираниот пад на градежништвото двоцифрен пад, стагнација во земјоделието и некои мерки најавени од Владата имаат видливи негативни резултати , имаме пад кај ИТ индустријата и информатичките технологии за преку 10 % и тоа според аналитичарите се должи на фактот на онаа несреќна најава за зголемување на даноците во Република Македонија. Ние знаеме дека информатичарите и компаниите реагираа на најавеното зголемување на даноците и најверојатно некои ја напуштаат земјата кажа Славески.