Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) денеска ја пушти новата веб-страница која ќе може да ја користат 530 издавачи и 70.000 сопственици на хартии од вредност, со што почна дигитализација на системот за крајните корисници.
Од таму информираат дека веб-страницата е изработена според потребите на корисниците и ќе нуди бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер, кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.
Имателите на акции може да ги добијат податоците за регистрација за првичен пристап преку банките или брокерските куќи кои се членки на ЦДХВ.
Досега податоците се издаваа мануелно, директно од страна на ЦДХВ. Дигитализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската банка за обнова и развој.