Актуелно 11.09.2018 12:23

ПРАТЕНИК НА СДСМ НА ВЕЧЕРА СО ,,ФРАНКФУРТ” МАФИЈА: Криминалното подземје ќе агитира за референдумот?

ПРАТЕНИК НА СДСМ НА ВЕЧЕРА СО ,,ФРАНКФУРТ” МАФИЈА: Криминалното подземје ќе агитира за референдумот?

одека полицијата во никакви услови и без возило го чува пратеникот на СДСМ од Велес, Панче Иванов, тој прави гозби со познати криминалци во градот. Имено на фотографијата која стигна до нашата редакција се гледа како пратеникот на СДСМ, Панче Иванов седи на иста маса со Зоран Манасков попознат под прекарот Скршениот, кој е водач на ,,франкфурт” мафија, а само пред два месеци беше амнестиран токму од актуелната власт. На фотографијата исто така се наоаѓа и Дејан Миланов попознато под прекарот Калијана кои според наши извори исто така е дел од подземјето.

Имајќи го во предвид дека токму пратеник на СДСМ среде кампања за референдум за промена на името е седнат во друштво на високи претставници на криминалното подземје се отвора сомнежот дека власта ќе бара од поземјето да агитира за референдумот. Таков беше случајот и со локалните и парламентарните избори кога партиски функционери на СДСМ во континуитет беа забележувани во друштво на познати криминалци. Очигледно оваа ,,успешна” практика СДСМ ја продолжува и сега за време на референдумската кампања.

Најнови вести