Мора да престанеме со поместувањето на стрелките на часовникот“, порача претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
Во анкетата на Европската комисија учествуваа 4,6 милиони луѓе и повеќето од нив се изјаснија против поместувањето на стрелките на часовникот.
Според предлогот на Европската комисија, секоја членка до април 2019 година би требало да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето.
Последното задолжително поместување на часот на летно сметање ќе биде во недела, на 31 март 2019 година.
Членките кои сакаат да се вратат на зимско сметање на времето може да направат уште едно, последно полугодишно поместување, во недела, на 27 октомври 2019 година.
По тој датум, полугодишните промени веќе нема да бидат возможни.