Јапонскиот кабинет одобри денеска закон за привремено намалување на данокот храна и пијалоци и воведување систем за трансфер на готовина поврзан со приходите за лицата со ниски приходи. Се очекува законот да биде усвоен за време на тековната вонредна парламентарна седница, што ќе трае до 12 декември.
Данокот на потрошувачка на храна и пијалоци ќе се намали од 8 проценти на 1 процент во период од две години, почнувајќи од април, а ќе се обезбедат годишни субвенции за лицата со ниски и средни приходи. Тоа ќе биде првото намалување на данокот на потрошувачка откако беше воведен во 1989 година.
Се очекува Министерството за финансии да изгуби околу 10 трилиони јени (63 милијарди долари) даночни приходи во текот на две години поради мерките.
Владата сè уште не објавила како планира да ги собере потребните средства. (МИА)