Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ известува дека на ден 13.09.2018 ќе се врши реконструкција на бул. “Партизански Одреди” од мост “Обединети Нации” до кружен тек на ул. “Ацо Шопов” и тоа за Дел 2: Реконструкција на бул. “Партизански Одреди” од мост “Влајко” до кружен тек на ул.” Ацо Шопов”, во времетраење од 210 календарски дена.
Од 12.09.2018 во наредните 10 дена ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање,надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с.Сарај до клучката кај с. Бојане. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.