Актуелно 14.09.2018 12:33

Во целото референдумско ,,лудило” краток коментар за нешто што вреди да биде забележано, а е од сферата на економијата и фискалната политика.

Во целото референдумско ,,лудило” краток коментар за нешто што вреди да биде забележано, а е од сферата на економијата и фискалната политика.

Имено Владата на СДСМ срамежливо, на мала врата, барајќи алиби дека стопанските комори и бизнис фелата го бараат тоа од нив, најави ретерирање на еден од главните столбови на нивната економска предизборна програма, тоест повлекување од идејата за воведување на прогресивен данок.

Воведувањето на прогресивен данок беше една од главните економски политики која СДСМ ја најавуваше во предизборието во 2016 година, дополнително аргументирајќи дека во политичка смисла тоа ќе придонесе кон по праведно општество.

Од друга страна воведувањето на рамниот данок од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година беше еден од столбовите на економската и бизнис реформа што таа Влада ја направи неспорно најуспешна Влада во полето на економијата. Покрај рамниот данок тоа беа и неколкуте циклуси на т.н. Регулаторна гилотина, капиталните инвестиции во инфрастуктурни објекти во сите сфери на општеството, слободните економски зони, политиките за привлекување на странски инвестиции, политиките за подршка за домашните компании, политиките за подршка на земјоделието и слично.

Резултатите се неспорни и фактогравски. Се постигна историски најмала стапка на невработеност, над 170.000 ново отворени работни места, огромен број на странски грин филд инвестиции, позиционирање високо на Doing Business скалата како држава погодна за водење на бизнис, постигната исклучителна фискална дисциплина, стапка на Бруто домашен производ со кој државата не влезе во фаза на рецесија ниту во годините кога светот и Европа ги тресеше огромна економска и финансиска криза и каде во далеку посилни држави и економии мораше да се спроведуваат болни процеси на отпуштања на вработени во јавниот сектор, кратења на плати, пензии и други тешки мерки, сето тоа во Република Македонија не се случи.

Околу предностите и исправноста на концептот на рамен данок може да се пишува многу, но за тоа ќе треба уште многу текст и нека остане за друга прилика.

Се надевам дека покрај ретерирањето по однос на концептот за прогресивен данок, оваа Влада ќе примени и други практики и економски политики кои во минатото се покажаа за исправни и успешни, а со цел економско преживување на стопанството до моментот на формирање на некоја идна Влада кога тоа стопанство ќе може да смета и на раст.

По однос на намалувањето на корупцијата и борбата против тој вид на организиран криминал, а во насока на помагање и поттикнување на стопанството ќе се воздржам од желби, од причина што во годината што е зад нас видовме дека тоа би било само една утописка желба или пуста фантазија.

 

Дипломиран економист: Дарко Стефановски

Најнови вести